30.8 C
Skopje
четврток, јули 18, 2024
дома Македонија Обединетата македонска дијаспора испрати писмо до Ескобар : Веднаш по посетата во...

Обединетата македонска дијаспора испрати писмо до Ескобар : Веднаш по посетата во Скопје да заминете во Софија и да се заложите за правата на Македонците во Бугарија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД), водечката организација на Македонците надвор од Македонија, испрати писмо до американскиот заменик-помошник државен секретар на САД Габриел Ескобар и побара тој да се залага за правата на

Македонците во Бугарија и да ја посети Софија веднаш по посетата во Скопје. Повторните еднострани притисоци и уцени кон Македонија не создаваат клима за добрососедски односи во регионот, се вели во соопштението на ОМД.

Бугарија има 14 пресуди од европскиот Суд за човекови права за дискриминација на македонското малцинство во Бугарија. „Следствено, ОМД бара реципроцитет: доколку САД и ЕУ бараат уставни промени од Македонија тогаш е сосема логично и Бугарија да го признае македонското малцинство.

Хипокритично е да се бара заштита на правата на малцинствата кај членка кандидат а да се занемаруваат правата на малцинствата во полноправна членка како што е Бугарија.

Бугарија треба Македонците да ги стави во својот Устав.

Исто така, по контроверзната посетата на косовскиот премиер Курти во Македонија, од Ескобар побаравме да даде изјава дека САД не поддржува иредентистички идеи и промена на границите во Балканот. 

Во писмото го потсетивме Ескобар дека Македонците не се ‘северномакедонци’ и дека Македонците не се само ‘православен народ’ како што Ескобар не има наречено во интервјуа во минатото. Македонскиот народ е разнолик, со луѓе од различни вероисповеди, иако мнозинството се православни. 

САД е иницијатор и потписник на Декларацијата на човекови права на Обединетите Нации која полни 75 години во декември. САД има должност да го брани и правото на самоопределување и човековите права на македонскиот народ, како што тоа веќе го прави многу погласно за некој од другите народи во регионот“, се вели во соопштението на ОМД.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде