Рана најава и предупредување: Македонија ќе ја зафати силно невреме – еве кога!

Метео прогнозерот Славчо Попоски најавува силно невреме во Македонија!

Во продолжение прочитајте ја прогнозата објавена на Метео аларм.

Покрај регионот, каде се очекува страшно невреме кое може да направи многу штети и да услови поплави, 

во вторник и во Македонија се очекува на многу места да има пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради судирот на две воздушни маси (значително постудената од север, и многу топлата од југ) локално ќе има опасност од појава на големо невреме,

проследено со интензивен пороен дожд кој може да услови локални поројни поплави, бурен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на град кој локално би можел да биде и крупен.

И во Скопје во вторник постои опасност од локално невреме.Токму поради ова апелираме во случај на појава на силно невреме, граѓаните да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.

Што се однесува до температурите, тие ќе започнат да се намалуваат.На алпите пак ќе има интензивни врнежи од снег каде се очекува формирање на снежна покривка, (понекаде дури од 50 до околу 100 сантиметри).

Инаку снежната бајка таму веќе започна и истата ќе се проширува на многу места.

Нова детална анализа околу ова невреме и предупредувања очекувајте во следните објави на Метео аларм.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде