ВИДЕО: Сообраќајот во колапс, поплавени улици и објекти, силниот ветер корнеше дрвја и покриви – Силно невреме во Германија

Силно невреме ја погоди Баварија на југот на Германија. Според полициското соопштение, многу улици и подруми на куќи се поплавени поради обилните врнежи од дожд.

Некои улици во регионот се затворени за сообраќај поради паднати дрвја на патиштата.

Во Рацинг избувнал пожар на горниот кат од куќа која била погодена од гром. Сопственикот на куќата бил полесно повреден додека се обидувал да го изгасне пожарот.

Во градот Бад Баерсојен крововите на 150 куќи се разнесени, а многу возила се оштетени од невремето и град.

Во Камер, кран паднал над куќа. Нема повредени, а кровот на зградата е тешко оштетен.

Во градот Кисинг беше однесен покривот на домот за стари лица. Околу 106 луѓе кои живееле во домот биле евакуирани.

Невреме пропратено со силен ветер урна пивски шатор, при што шест лица се здобиле со сериозни повреди додека се обидувале да се држат за шаторот и покрај силните налети на ветерот, пренесува Билд.

Итната помош им укажала на повредените и повикала хеликоптер да ги пренесе оние со посериозни повреди.

Властите соопштија дека една постара жена била повредена кога дрво паднало врз нејзиниот автомобил.

Полицијата и пожарникарите интервенирале по повик за поплавени тунели и подруми, а во акциите на терен учествувале 100 припадници на итната помош, меѓу кои 70 спасувачи и 30 пожарникари.

Од невремето особено беше погоден домот за стари лица Хаус Габриел во Кисинг, па околу стотина жители мораа да ја напуштат зградата.

Невремето го погоди и Фридберг, град со околу 30.000 жители, каде што некои патишта беа затворени откако беа поплавени. Прекин на струја имаше и во градот, а во прекин беше и телефонската мрежа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде