ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Најмалку 38 лица загинаа, а 43 се повредени откако рано утринава избувна пожар во петкатница во центарот на Јоханесбург

Најмалку 38 лица загинаа во пожар во зграда што избувна утринава во Јоханесбург, најголемиот град во Јужна Африка, соопштија локалните служби за итни случаи. Најмалку други 43 лица се повредени.

Службите за итни случаи реагираа и пожарникарите работат на гаснење на пожарот, објави SABC.

Портпаролот на градската служба за итни случаи соопшти дека на лице место е укажана на неколку лица,

а некои се пренесени во здравствените установи, се вели во соопштението на платформата Икс (Твитер).

Причината за пожарот е непозната, според SABC.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде