Полицијата приведе 60 годишен маж, се сомничи дека допирал по тело 26-годишна Германка
Вчера вечер во 21.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода 60-годишниот Т.Ј. од село Трсино, виничко, извести МВР.
– Тој се сомничи дека претходно допирал по телото 26-годишна германска државјанка, соопшти МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.