Страотни сцени од Србија: Силна експлозија, едно лице загина, брат и сестра повредени

Едно лице загина, а две се повредени во страшната експлозија што се случила вечерва околу 20 часот и 35 минути на улицата „Слободе“ во центарот на Смедерево, дознава „Блиц“.

Според информациите со кои располага српски Блиц, експлозијата се случила на последниот кат од станбена зграда, а експлозијата наводно била предизвикана од плинска боца.

На местото на настанот се припадници на полицијата и на Секторот за вонредни состојби, како и на итните служби.

Се урнал покривот на зградата каде што се случила експлозијата.

Братот и сестрата се здобиле со полесни и умерени повреди.

Експлозија се случила на четврти кат од зграда во центарот на Смедерево, а три ката се кренати во воздух.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде