Во домот на советничка од ВМРО-ДПМНЕ пронајдена дрога во вредност од 20.000 евра – приведен нејзиниот сопруг!?

Денеска (31.08.2023) полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во дом кај Д.Ц. (38) во с. Добри дол, општина Сопиште.

При претресот пронајдени се четири кеси со околу четири килограми марихуана, вредна околу 20.000 евра. Д.Ц. е лишен од слобода и задржан во

полициска станица и против него по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.

Ова е наведено во дневниот билтен на МВР.

Како што дознава 24инфо уапсеното лице е сопруг на советничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во општина Сопиште.

На социјалните мрежи веќе се споделува информација дека се работи за советничката Оливера Цветановска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде