Се запали автобус кај Стража – ова се деталите

Автобусот, којшто се запали утрово кај Стража, се движел на редовна линија Скопје – Охрид.

Нема повредени патници, а во гаснењето интервенирале гостиварските пожарникари. Сообраќајот се одвива нормално.

-Денеска, во 11:25 часот на бесплатниот број за итни повици 112 е добиена пријава дека пред патниот премин Стража е запален патнички автобус кој се движел на редовната линија  Скопје  – Охрид.

Операторот од 112 веднаш ги известил МВР – СВР Тетово и ТППЕ Гостивар. Гостиварските пожарникари итно излегле на лице место и го изгаснале запалениот автобус.

Нема ниту еден повреден патник, информираат од ЦУК.

Во тек е увид од екипа на МВР.Претходно, од Мнистерството за внатрешни работи за МИА потврдија дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на околу три километри пред месноста „Стража“, се запалил автобус кој се движел кон Кичево, а случајот бил пријавен во 11:20 часот во СВР Тетово.

На посоченото место веднаш се испратени полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар и екипа од гостиварската Територијална противпожарна единица.

Нема повредени лица, наведоа од МВР. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде