Убава вест за наставниците на првиот училишен ден: Владата испрати понуда до СОНК за зголемување на платите – еве за колку

Со платата во септември вработените во образованието да добијат 15 процентно зголемување, е понудата што Владата ја дала до СОНК.

Како што кажа претседателот Јаким Неделков, понудата се разгледува во синдикалните организации.

До понеделник се очекува конечен одговор.

-Последната понуда што ја усогласивме со МОН и Министерството за финасии е севкупно зголемување со платата за септември. Тоа е нивната понуда и се разгледува меѓу членстовото.

Очекуваме фидбек и најдоцна до понеделник очекуваме сите резултати дали членството е задоволно од тој предлог, изјави Неделков во гостувањето во ТВ Сител.

Синдикалниот лидер кажа дека во 2024 година се очекува усогласување на платите со порастот  на животините трошоци.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде