Потресни сцени од протестот во Скопје

Со континуирано извикување „убијци, убијци“ и со палење свеќи за жртвите на здравствениот систем во Македонија, пред Владата се одржа протест поттикнат од истрагата за криминал на Клиниката за онкологија,

за кој Јавното обвинителство во петокот отвори предистражна постапка за препродавање скапа биолошка терапија за лекување на болните од рак.

Стотици граѓани се приклучија на мирниот протест, носејќи транспаренти чија суштина беше прашањето „колку вреди човечкиот живот во Македонија“.

Се раскажаа и потресни лични приказни, при што еден помлад учесник на протестот опиша како мајка му починала кратко време откако почнала да прима хемотерапија.

На крајот на протестот беше фрлено и по некое јајце кон владата, од каде што протестот се пресели пред зградата на Јавното обвинителство.

Фото: Слободен печат

Повеќе фотограии и видеа погледнете ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде