Силен земјотрес од 3,5 степени утрово стресе делови од Македонија

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово стресе делови од источна Македонија.

Според ЕМСЦ, Земјотресот е со епицентар во Благоевград, Бугарија на длабочина од 11 км.

Земјотресот се случил во 09:31, според македонско време.

На социјалните мрежи веќе се споделува дека земјотресот бил почувствуван и во источниот дел од државата, односно во Делчево, Берово, Пехчево, Кочани…

Да потсетиме, земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала синоќа околу половина час по полноќ го погоди Крагуевац во Србија.

„На 04.09.2023 година во 00:34 часот по локално време е регистриран земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала во регионот на Крагуевац“, се наведува на веб-страницата на Сеизмолошкиот завод на Србија.

Како што се додава, земјотресите со ваков интензитет не можат да предизвикаат оштетувања на објектите во епицентралното подрачје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде