Светот во шок, познатиот пејач во критична состојба: Менаџерот објави дека ова му се последни денови!

Пејачот и фронтмен на групата „Smash Mouth“, Стив Харвел (56) е во многу тешка здравствена состојба.

Како што најави неговиот менаџер, последните денови од животот му се одбројуваат.

Семејството на познатиот музичар не се одвојува од него последните три дена, а Стив сега е на домашно лекување, пишува TMZ.

Харвел со години консумирал многу алкохол, поради што имал проблеми со црниот дроб, кој сега во последните фази се лекувал за овој проблем, но не успеал да се справи со последиците.

Фронтменот на бендот „Smash Mouth“ има низа хитови од раните 2000-ти, како што се „All Star“, „I’m a Believer“ и „Shrek“ и многу други.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде