Голем пожар беснее во Руѓинце, огнот почна да зафаќа и објекти

Голем пожар попладнево изби во Општина Старо Нагоричане.

Истрели се слушаат од напуштена помошна просторија во атарот на селото Димонце каде се префрли огнот од Руѓинце кое е зафатено од голем пожар.

Како што информира директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, дрвената куќа целосно е во пламен, а од внатре се слушаат истрели.

Во пожарот во Руѓинце изгоре и плевна.

– Блиските куќи за среќа не се зафатени од огнот, додава Ангелов.

Инаку во гаснење на пожарот се вклучени и хеликоптер на полицијата и Ер трактор на Дирекција за заштита и спасување.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде