На 07.09.2023 во 17.05 часот било пријавено дека во Кочани на ул„Кеј на револуцијата“ се случила сообраќајна несреќа
помеѓу две патнички возила со кочански регистарски ознаки, „ауди“ управувано од Е.Р.(35) и „пасат“ управуван од Д.Г.(47), двајцата од Кочани.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Г., а со телесни повреди се здобиле С.Р.(30) и малолетник,
сопатници од возилото „ауди“, констатирани во Клиничката болница Штип и ЈЗУ Кочани, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.