ТРАГЕДИЈА: Запрено возило почнало да се движи и го прегазило сопственикот, починал на лице место

Вчера во 11.00 часот било пријавено дека во с.Патишка Река, скопско, запрено патничко возило „нисан терано“ со скопски регистарски ознаки,

сопственост на Р.Ј.(63) од истото село, кој бил покрај возилото, се придвижило и удрило во него.

На местото на несреќата починал Р.Ј., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде