14.8 C
Skopje
сабота, јули 27, 2024
дома Македонија БОМБА: Дали е точно дека идната недела ќе му биде вратена патната...

БОМБА: Дали е точно дека идната недела ќе му биде вратена патната исправа на Никола Груевски?

„Дали е точно дека идната недела ќе му биде вратена патната исправа на Никола Груевски, бидејќи со измените на Кривичниот законик тој автоматски се ослободува од одговорност за случајот ТНТ и за Траекторија,

додека за другите кривични дела за кои е осуден ќе му се овозможи повторување на кривичната постапка“?

Вакво прашање лидерот на Демократско движење, Изет Меџити постави преку својот фејбук – профил.

Лидерот на новоформираната партија Демократско движење, Изет Меџити, практично, се надоврзува на заедничката прес-конференција на неговата партија со Алтернатива и Двиежењето Беса, 

во чие име пратеникот Фадил Зендели пред три дена рече дека со измените на Кривичниот законик поранешниот премиер Никола Груевски, без око да му трепне, ќе се врати во Македонија како слободен човек.

Зендели ги наброја сите предмети на СЈО во кои Груевски е осуден или обвинет или пак ќе има повторување на судските процеси, кои ќе значат слобода, бидејќи ќе бидат застарени поради новите, покуси казнени мерки.

На измените на Кривичниот законик и коментарите слични на изнесените од Зендели, Груевски реагираше преку Фејсбук.

„Во мојот случај на прогон истите имаат минорно учество. Јас и повеќе мои соработници сме под прогон за несторени работи, на тој прогон заднината е страв од конкуренција и желба за политичка елиминација и тоа се нарекува политички прогон.

Тој прогон трае и до ден-денес и се уште трае и расте стравот на многумина од неговото запирање или неуспех. И имаат причина за страв!“, порача бегалецот Груевски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде