Страотна несреќа, девојче со тешки повреди итно префрлена во болница

На 08.09.2023 околу 20:25 часот во Куманово, на крстосница од бул.„3 Македонска ударна бригада“, ул.„Б.Б.Гуцман“ и локален пат кон с.Проевце,

патничко моторно возило „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од К.Ј.(24) од с.Тромеѓа, кумановско, удрило во малолетен пешак од Куманово.

По несреќата малолетничката била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде