Земјотрес ја стресе источна Македонија

Во околината на Благоевград утрово во 8 часот и 25 минути по бугарско време е регистриран земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала.

Според податоците на земјотресот бил на длабочина од 0,6 километри.

Според информациите на Европскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала и се случил на 14 километри од Благоевград.

Земјотресот бил почувствуван и во источна Македонија.

Да потсетиме, силен земјотрес го погоди Мароко доцна синоќа, во неколку марокански градови уништи згради и ги натера луѓето да ги напуштат своите домови, а според прелиминарните податоци на МВР загинале најмалку 296 лица, а 153 се повредени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде