Последна вест: Автобусот по ударот се превртел, 40 српски туристи се повредени

Во раните утрински часови на патот од граничниот премин Евзони кон Солун се случила страшна сообраќајна несреќа во која според последните неофицијални информации од терен животот го загубиле најмалку четири лица.

Во несреќата учествувале две грчки патнички возила и автобус со нишки регистарски таблички кој превезувал патници кон Грција.

– Возач на патнички автомобил преминал на спротивната лента и се судрил со автобус, по што се одбил и удрил во друго патничко возило,

кое од силината на ударот се превртело на страна и излетало од коловозот – велат очевидци на оваа страшна трагедија за агенцијата РИНА.

На терен излегле полицијата и противпожарната служба со 18 пожарникари и шест возила.

Пријавено е дека се повредени 40 лица и се префрлени во болницата Кукуш, пренесува грчката Прототема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде