30.8 C
Skopje
четврток, јули 18, 2024
дома Македонија Последна вест: Пожарот над манастирот Зрзе се движи кон селото

Последна вест: Пожарот над манастирот Зрзе се движи кон селото

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека попладнево на територијата на Општина Долнени избувнале два пожара. 

Според ЦУК, едниот пожар е над манастирот Зрзе, на висок и непристапен терен, а гори висока трева, нискостеблеста шума, како и дабова шума и шума од габер, но се заканува опасност пожарот да се приближи и кон селото Зрзе.

Вториот пожар е над селото Кошино каде што, освен висока сува трева, гори и квалитетна дабова шума.

Пожарот се приближил на околу 300 метри од првите куќи во селото.

„Како подршка на прилепските пожарникари кои се обидуваат да воспостават контрола над пожарот од земја, полета еден авион на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), а вториот се подготвува за полетување.

Истовремено за полетување се подготвува и еден хеликоптер на МВР“, информира ЦУК.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде