Ауди излета од пат, две млади лица итно пренесени во болница

Две лица се повредени откако вчера околу 7.30 минути „ауди“ излета од патот Младо Нагоричане-ГП Пелинце.

„На 10.09.2023 во 07.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат с.Младо Нагоричане-Граничен премин Пелинце, во атар на с.Алгуња,

општина Старо Нагоричане, патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.П.(24) од Скопје, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.П.(20) од Скопје,

а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Куманово“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде