Чичко Момчило од Куманово, единствениот човек во градот кој ги облекува починатите лица е во големи финансиски проблеми

Нема кој во Куманово не го познава Чичко Момчило, единствениот човек во градот кој облекува починати лица.

Тој на Фејсбук објави дека е во големи финансиски проблеми.

Поцитувани мои роднини пријатели колеги и познаници нека оваа биде еден вид простување од сите вас, причината е што дојдов во ситуација да неможам да ги враќам земените брзи кредити плус и казни за скутер (12)на број од по 100 и 250 евра

а мене скутерот најчесто ми служи за одење кај луѓе кога треба да облечам починато лице а не за лудување низ градот а тоа го знаат многу луѓе во градот и околината кај сум отишол веке немам ниту сила ниту волја за да се борам иако за дел од брзите кредити се

земени за други да им излезам во пресрет така да од 1000 евра биднаа скоро 7000 евра плус казнени камати ке премолчам за кого се истите земени нека им служи на чест од мене простено нека им е некој ќе ме осудува

некој ке ме подржува некој теши меѓутоа во намерата шо си ја имам поставено планирам и да ја остварам а таа е самозапалување пред владата во Скопје и тоа кога најмалку ќе се тоа очекува од мене.
П.С
Намерата на оваа објава не ми беше да барам помош од никој туку да види народот што се работи во секој случај благодарам на сите што се понудија да ми помогнат финансиски и морално, стои во објавата на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде