Го претепале па на сила го ставиле во „ауди“: полицијата уапси 42-годишен маж и 25-годишна жена

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, ноќеска околу 1 часот и 35 минути на магистралниот пат Тетово-Гостивар,

на наплатната станица Гостивар, ги лишиле од слобода Б.Н.(42) од струшко Велешта и 25-годишната Д.Д. од Република Албанија.

Тие претходно биле пријавени од 34-годишниот стружанец А.А. дека еден час пред тоа во Скопје Б.Н. со употреба на сила го внел во неговото возило „ауди“ и од Скопје се упатиле кон Струга.

Според пријавеното, Б.Н. и физички го нападнал поради нивни нерасчистени должничко-доверителски односи.

Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде