Регионот ваков случај не памети: Во возило на Итна помош се пронајдени 3 килограми дрога

Полицијата од Нови Пазар, Србија, го запреле возилото за брза помош и пронашле неколку килограми опојна дрога марихуана.

Според информациите во српските медиуми, амбулантното возило со регистерски ознаки од Рашка било запрено на стариот пат Нови Пазар – Рашка, во близина на новопазарската населба Шестово.

Во него, според првите неофицијални информации, биле пронајдени околу 3 килограми опојна дрога марихуана.

Возачот на Брзата помош е пренесен во просториите на СВР Нови Пазар, објави српски Телеграф.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде