УЖАС: Младо момче силувало 81-годишна старица

25-годишник со А.В. од село Косевица, Општина Македонска Каменица, се сомничи за извршена обљуба врз 81-годишна старица од Струмичко.

Лицето било уапсено синоќа околу 22:30 часот од полицајци од Полициското одделение Ново Село.

-Лицето било задржано во Полициска станица Струмица, а за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Во текот на денот ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица, велат од СВР Струмица.

Познато е дека грозоморниот настан се случил вчера наутро околу 3:30 часот.

Се бара мерка притвор за осомниченото лице.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде