СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот брег на Чиле

Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа во близина на северниот брег на Чиле, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).

Епицентарот на земјотресот бил на 121 километар западно од градот Копиапо, соопшти УСГС.

Земјотресот се случил на длабочина од 4,9 километри.

Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде