Синоптичарите ја објавија најновата временска прогноза: Пороен дожд и грмежи

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Од пладневните часови наместа ќе има појава на пороен дожд со грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17 степени, а максималната ќе достигне 33 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер од северозападен правец.

Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.

Денеска и за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Наместа ќе има појава на пороен дожд со грмежи, особено денес и утре.

Потоа во почетокот на следната седмица ќе настапи преодно стабилизирање со благ пораст на дневната температура.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде