Трагедија: Воен авион падна врз автомобил и уби девојче (ВИДЕО)

Италијански воен авион се урнал врз автомобил за време на вежби во Торино,и усмртил петгодишно девојче, додека пилотот преживеал, јавуваат италијанските медиуми.

Според првите извештаи, до несреќата дошло затоа што авионот влетал во јато птици, а потоа почнал да се губи.

Пилотот успеал да се катапултира, а авионот паднал на самиот крај од пистата.

Автомобилот во кој се наоѓало четиричлено семејство се превртел по експлозијата. Родителите успеале да го извлечат постариот син на безбедно, но додека се обидувале да го спасат девојчето автомобилот се запалил и не можеле ништо да направат.

Девојчето починало, а момчето се здобило со тешки изгореници и се наоѓа на одделението за интензивна нега во болницата.

Неговата состојба е многу сериозна и според првите проценки изгорениците покриле 15 отсто од неговата телесна површина.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде