Страотна сообраќајна несреќа, мотоциклист со тешки повреди итно пренесен во болница

Вчера во 13:40 часот на кружниот пат околу Мавровското Езеро, во Маврово, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „матиз“,

управувано од 25-годишната А.Н. од Скопје и мотоцикл „кавасаки“, што го управувал 32-годишниот скопјанец Ф.С., и двете со скопски ознаки.

Во несреќата, мотоциклистот Ф.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде