Тажна вест го потресе светот: Имаше само 43 години, почина познатиот актер

Ѕвездата на „General Hospital“ и „The Young and the Restless“, Били Милер почина на само 43 години. Трикратниот добитник на наградата „Еми“ починал во петокот, пишува „Дејли мејл“.

Веста за неговата смрт ја објави новинарот Мајкл Ферман. Причината за смртта сè уште не е позната. Актерот починал само два дена пред неговиот 44-ти роденден.

Неговата смрт беше потврдена и од претставници на „The Belmont“, ресторан и бар во Лос Анџелес, кој Милер го поседувал.

Милер, роден во Оклахома, работеше во поштата во „Индустри ентертејмент“ пред да потпише договор како модел на „Вилхелмина“.

Тој започна во забавната индустрија, откако доби улога во популарната серија „All My Children“, играјќи ја улогата на Ричи Новак.

Подоцна се приклучи на актерската екипа на „The Young and the Restless“ во 2008 година, а го напушти шоуто во 2014 година.

Милер доби три награди „Еми“ за улогата во оваа серија, две за извонредна споредна улога во драмска серија и една за најдобар главен актер во драмска серија. Се приклучи на актерската екипа на „General Hospital“ во 2014 година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде