СДСМ: Груевски сепак е вистинскиот лидер на ДПМНЕ, и затоа Мицковски е толку нервозен

Политиките на Мицкоски против Европа ќе се покажат како погубни за ДПМНЕ.

За Никола Груевски нема да има амнестија и ќе биде уапсен во истиот моментот кога ќе стапне во земјава.

Но, нема дилема дека Груевски сепак е вистинскиот лидер на ДПМНЕ, и затоа Мицковски е толку нервозен.

Политиката на блокада на Мицковски е само копија на оригиналот и очигледно дека има структури во ДПМНЕ кои не се задоволни од него.

Неговата политика против Европа ќе се покаже како катастрофална за неговата партија и за него.

СДСМ ќе направи се и нема да дозволи Мицковски или кој било повторно да ни ја земе државата како заложник.

Заедно со граѓаните и со проевропските политички партии ќе продолжиме да се бориме за европска Македонија додека не ја достигнеме државната цел, членство во ЕУ.

СООПШТЕНИЕ НА СДСМ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде