ВОНРЕДНА ВЕСТ: Најмалку три лица загинаа, повеќе патници се повредени во страотна автобуска несреќа во Црна Гора

Најмалку три лица загинаа, додека повеќе лица се повредени во тешката автобуска несреќа што се случи на патот Цетиње – Будва во Црна Гора.

Автобусот излетал од патот на релација Обзовица – Брајиќ, пренесуваат црногорските медиуми.

На терен се шест возила на брза помош и припадници на специјалните полициски единици.

Од Службата за заштита и спасување во Будва за Вијести велат дека испратиле три возила со пожарникари, бидејќи има многу повредени.

На екипите на бразата помош, лекарите и медицинскиот персонал на Клиничкиот центар, како и на болницата во Цетиње, им е дадена препорака сите екипи да бидат подготвени да ги примат повредените.

„На магистралниот пат Цетиње – Будва се случила сообраќајна незгода, при што автобусот „Паповиќ“ слетал од коловозот.

На лице место се сите расположливи единици на Полициската управа, итната медицинска помош и Управата за вонредни состојби“, соопштија од црногорската полиција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде