Од повреди здобиени од остар предмет, најверојатно нож, синоќа околу 21 часот починал Елвир Б.(37) од населбата Недакуси кај Бијело Поље.
Неговиот брат е осомничен за убиство, изјави полициски извор за „Вијести“.
За „Вијести“ од болницата Бјелопоље рекле дека во таа здравствена установа без знаци на живот бил донесен Елвир Б.
-Од остар предмет со тешки телесни повреди во пределот на вратот се здобил Елвир Б. Лекарите, за жал, можеле само да констатираат смрт – дознава „Вијести“ од Болницата.
Според „Вијести“, во болница го донел неговиот брат кој го повредил.
Од Вишото обвинителство за „Вијеста“ велат дека Е.Б.(37) го повредил Е.Б.(39), а истрагата е во тек, поради што не можат да соопштат детали.
Државниот обвинител Хасан Лукач ја води истрагата со овластените службеници на Одделот за безбедност во Бијело Поље.