Го однел во болница, но веќе било доцна: 37 годишен маж синоќа е убиен од својот 39 годишен брат во населба во Бијело Поље

Од повреди здобиени од остар предмет, најверојатно нож, синоќа околу 21 часот починал Елвир Б.(37) од населбата Недакуси кај Бијело Поље.

Неговиот брат е осомничен за убиство, изјави полициски извор за „Вијести“.

За „Вијести“ од болницата Бјелопоље рекле дека во таа здравствена установа без знаци на живот бил донесен Елвир Б.

-Од остар предмет со тешки телесни повреди во пределот на вратот се здобил Елвир Б. Лекарите, за жал, можеле само да констатираат смрт – дознава „Вијести“ од Болницата.

Според „Вијести“, во болница го донел неговиот брат кој го повредил.

Од Вишото обвинителство за „Вијеста“ велат дека Е.Б.(37) го повредил Е.Б.(39), а истрагата е во тек, поради што не можат да соопштат детали.

Државниот обвинител Хасан Лукач ја води истрагата со овластените службеници на Одделот за безбедност во Бијело Поље.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде