Возачот заспал, минибусот се превртел: Осум лица од Србија и Словенија повредени во сообраќајна несреќа во Австрија

Осум лица од Србија и Словенија се повредени ноќеска во тешка сообраќајна несреќа недалеку од австрискиот град Манерсдорф.

Според пишувањата на локалните медиуми, станува збор за работници, а до несреќата, најверојатно,

дошло кога возачот Србин (46) заспал на воланот поради што минибусот се превртел во кружниот тек кај Оберлоисдорф.

Во несреќата повредени се пет мажи и три жени, од кои некои добиле тешки телесни повреди.

Едно лице останало заробено во минибусот поради што пожарникарите морале да го исечат возилото.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде