Доктор Нико Беќаровски, на својот фејсбук профил брутално искрено си го кажа своето мислење за „Шарените“.
„12 АПРИЛ – 20 ЈУЛИ 2016
Можеби за многумина датумиве во насловов ништо не значат, но за мене и моите “шарени” другари ова беа денови на надеж и борба за подобро денес.
Најголем дел од нас секоја вечер од 18 часот марширавме само со една единствена цел, ПРАВДА и ДЕПАРТИЗАЦИЈА“
#СРАМ ДА ВИ Е, успеавте да ја изгаснете и последната искра на надеж, дека може да бидеме пристојно место за живеење.
#СРАМ ДА ВИ Е, што успеавте да ги погазите сите ветувања.
#СРАМ ДА ВИ Е, што успеавте Шарената револуција, да ја претворите во шарена лага.
#СРАМ ДА ВИ Е, што НЕМАТЕ НИТУ ТРОШКА СРАМ.
Можеби успеавте да ни ја убиете волјата за повторно да маршираме, но…., напиша тој.