Горан беше посветен татко на две ќерки – Познат идентитетот на возачот кој загина во страотна сообраќајка во Хрватска

Наместо веселби и радости во Привлака (Хрватска), завладеа тага, болка и неверување поради прераната смрт на 40 годишниот Горан Шариќ,

кој загина во сообраќајната несреќа откако во неговото комбе удри возилото со кое управуваше министерот за одбрана на Хрватска Марио Баножиќ.

Сите сме шокирани и не можеме да поверуваме дека ова му се случи на нашиот сосед и пријател, изјави негов пријател од местото.

Во селото Винковац се изразува сочувство за семејството на загинатиот Горан. Тој имал фирма за градежништво а од луѓето во селото за него се слуша само дека бил добар и вреден работник, семеен човек кој ги обожавал двете свои ќерки. Ова е четврта трагична смрт во Привлака на млади луѓе од ова село.

Откако дознав дека загинал, во голем шок сум исто како и неговото семејство. Сите сме многу потресени. Го знам долги години и често се дружевме и тој многу сакаше големи дружби и друштво. Често се собиравме на семејни веселби, изјави колега на 40 годишниот возач на комбето кој загина во тешката сообраќајка која утринава се случи кај Винковац во судирот со автомобилот на министерот Баножиќ.

Премиерот Андреј Пленковиќ на конференција за медиумите објави дека го разрешил Баножиќ и сега во хрватските медиуми се поставува прашањето за неговата кривична одговорност. Се шпекулира дека му се заканува казна затвор над 8 години.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде