Убава вест: Минималната плата се зголемува – еве за колку и од кога

Инфлацијата ќе расте, економијата ќе забави. Песимистички бројки за македонската економија годинава објави Народната банка.

Трошоците за живот ќе достигнат 9,5 отсто, наспроти владините очекувања да се спушти под 6%. Економијата ќе порасне само 1,9 отсто, иако Владата прогнозираше 2,5% раст.

Следната година инфлацијата ќе забави, поради пониските цени на енергесите, храната и металите кои се очекуваат, но Владата мора да внимава на што ги троши парите. Евентуалниот пораст на минималецот, пензиите и платите на административците, од март, можат да ја подгреат инфлацијата.

Народната банка прогнозира пониски бројки на трговскиот дефицит. Од 6,2% лани, оваа ќе ја завршиме со 1,2% дефицит на тековната сметка. Очекуваат пониски дознаки од странство и мало намалување кај извозот и увозот.

Во емисијата „Слободен печат“, Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, изјави дека преговорите со претставниците на пензионерите резултирале со поместување во корист на покачување на пензиите за ранливите категории на просечна плата.

До април ќе биде обезбедена и дополнителна помош според нивната база.

Тој напомена и дека последниов месец има зголемување на цените во малопродажбата за само 1 процент, што укажува на минимална промена.

Понатаму, Битиќи најавија зголемување и на минималната и на просечната плата, при што минималната плата во март ќе достигне 22.500 денари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде