УТРОВО СТРАОТНА сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и комбе: Едно лице го загуби животот, министерот за одбрана на Хрватска повреден

Хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ утрово доживеа сообраќајна несреќа во која едно лице загина.

Министерот управувал со лично возило кое налетало на комбе. Загинал возачот на комбето.

Како што потврди за веб-страницата „Телеграм“ началникот на смена во СВ Вуковар-Срем, Фабијан Капулар, несреќата се случила во 6 часот и 15 минути, на излезот од Винковци во правец кон Жупања.

Марио Баножиќ е пренесен во болница – изјави Капулар.

Во жупаниската општа болница Винковци за „Телеграм“ е потврдено дека утрово во таа болница бил донесен министерот Баножиќ.

На одделот за интензивна нега е примен во 8 часот и 30 минути – соопштија од болницата.

  • Во сообраќајна незгода загина возачот на комбето, а возачот на личното возило (државен службеник) поради здобиените повреди е пренесен во Жупаниската општа болница Винковци – соопшти полицијата.

Порталот Vinkulja.hr ги објави првите фотографии од местото на несреќата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде