Борис Мајорски (18) загина на 18 октомври 2022 година во страшна сообраќајна несреќа кај Бешка.
Со него на моторот била и неговата девојка Дејана.
Помина повеќе од една година од трагедијата, но раните на срцето на таткото на Борис, Владимир, не зараснуваат.
Тој сподели потресни зборови на својот Фејсбук профил, изразувајќи ја сета болка што ја чувствува поради смртта на неговиот син.
Еј судбино, што ми приреди? Дали треба да живеам вака? Ти го зеде највредното нешто што го имав, она на кое се радував секое утро и вечер, тоа беше мојата гордост, а сега останав без него.
На што друго да се надевам? Секој ден паѓам се повеќе и повеќе. Те молам, мил Боже, направи се што можеш, заштити невини луѓе од оваа голема болка и дај ни што го носиме овој товар сила за деновите што доаѓаат – напиша Владимир Мајорски.
Борис Мајорски и Дејана Нералиќ биле заедно на мотор на 18 октомври, кога заминале на патување во етно село во близина на Нови Сад. Несреќата се случила кога со својот „мерцедес“ ги покосил Слободан Б.
Слободан Б. не им отстапил првенство на минување на тинејџерите кои биле на мотоциклот, поради што дошло до сообраќајната незгода, а возачот е осуден на три години затвор.