Важни информации за сите кои утрово патуваат: Eве што се случува низ патните правци низ Македонија по снежните наноси

Регионалниот ЦУК Штип, известува дека сите магистрални регионални локални патишта се исчистени и се проодни за сообраќај, а во моментов вршат дополнителна контрола на некој од локалните патишта во реонот на Плачковица.

РЦУК Куманово, известува дека на територијата што ја покрива РЦУК-Куманово на сите магистрални, регионални и локални патни правци се проодни, сообраќајот се одвива тековно во зимски услови.

Во моментот немаме информации за непроодни локални патни правци во планинските места.

РЦУК Струмица, известува дека сообраќајот по магистралните, регионалните и локалните патишта се одвива по чисти коловози. Единствено отежнато се одвива на патниот правец Струмица-Берово.

РЦУК Охрид, известува дека сообраќајот се одвива редовно во зимски услови и влажни коловози. Сите патни правци се проодни за сообраќај.

РЦУК Скопје, известува дека по остварените телефонски контакти со ЈП Македонија пат и со одговорните лица од општините Чучер Сандево, Сопиште, Бутел, Сарај, Гази Баба, Ѓорче Петров, Зелениково и Студеничани добиени се информации дека по синоќешните врнежи од снег нивните служби излегле на терен и во текот на ноќните часови биле исчистени и посолени сите патни правци во нивна надлежност.

Според тоа, до овој момент, на територија на РЦУК Скопје нема информација за непроодни патни правци.

РЦУК Тетово, известува дека од 06:00 часот се укинува забраната за тешки товарни возила за патниот правец Гостивар-Стража-Кичево. Патниот правец кон с.Лукавеца ЕЛС Желино е непрооден, a луѓето се извлечени и се во своите домови.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде