Утрово имало пукање во училиште во Брјанската област, Русија, потврдиле оперативните служби за руската државна новинска агенција ТАСС.
Ученичка од осмо одделение донела огнено оружје во училиште од кое пукала неколку пати, рекол изворот.
„Според првичните информации, еден ученик внел огнено оружје во зградата на гимназијата и испукал неколку истрели, при што се повредени пет лица.
После тоа, девојчето се самоубило. Од здобиените рани починала и една соученичка“,соопштиле од регионалното Министерство за внатрешните работи.
Ловечкото оружје од кое е пукано е регистрирано на таткото на девојчето, изјави претставникот на Државната дума Александар Хинштајн.
Според првичните информации, полицијата смета дека мотивот за пукањето бил конфликт со соучениците.
Big Breaking 🚨 🚨
— QuickUpdate (@BigBreakingWire) December 7, 2023
Tragic incident at a school in Bryansk city, Russia, resulting in two fatalities and four injuries. The shooter took her own life.#Russia #Shooting
pic.twitter.com/aoyAoN53Nc
Лекарите потврдија дека две жртви се во средно тешка состојба.