Јоци: Можеби е време да се направи сериозна анализа – дали оние кои интензивно се сликаат со икони, владици, попови и своите гревови и демони ги кријат зад верата, се всушност потенцијални убијци

Фејсбук пост на Јорданка Ивановска Јоци:

Четворицата пореметени во умот киднапери и убијци на Панче и Вања, кои на своите профили редовно постирале цркви, икони, цитати со Господ и библија,

и притоа глумеле верници и среќни семејства, кобниот 27 ноември, со двете возила каде Вања била во гепек – поминале покрај две цркви на патот до Бразда, каде ја убиваат и ја закопуваат во ѓубре.

Тоа се црквите ,,Свети Атанасиј” во Визбегово и ,,Богородица” во селото пред Бразда.

Поминуваат покрај две цркви, со младо девојче во гепек, кое претходно садистите го пикнале во вреќа, без воздух, исплашено до смрт, на кое минутите му биле одбројани.

И око не им трепнало!

Ни од Господ не се уплашиле дека ги гледа.

До толку биле сигурни дека никој, ништо не им може, очигледно заради дводецениската заштита од државни структури на монструмот Љ.Палевски – со 8 кривични пријави, сите без завршница и без затворски санкции.

Можеби е време стручните лица да направат сериозна анализа – дали оние кои интензивно се сликаат со икони, владици, попови и своите гревови и демони ги кријат зад верата, се всушност потенцијални убијци, во кои чучи по еден Чарлс Менсон.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде