Денеска околу 18 часот полициски службеници од СВР Битола го пронајдоа шестгодишниот малолетник.
Детето еден час пред тоа беше пријавено од неговиот татко дека се изгубило во населбата Горно Оризари во Битола.
Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности од полициски службеници од СВР Битола
за пронаоѓање на детето и тоа е пронајдено околу 18 часот, соопшти полицијата.