Актерот Тасевски: Омразата кон вас штo ја гаи секој Македонец е како никогаш до сега, кон било кој што владеел

Фејсбук пост на Сашо Тасевски:

Гледам скокате ко Мур у рана зора. Ви скокнал рејтингот. Таче пак ќе правел влада во 2024. Победувате сигурно.. Цивил и таквите пишуваат победнички бајки за вас. Ко ретардиранана полицајка славите во еуфорија, со кренати раце, победувате… јачи сте од судбине.

За таквите старите викаат: Пушти ги, си праат бајрам со умот!

Боледувате од најстрашната болест на секоја власт која забегала комплетно: нарцисоидно слепило. Месечарење на јаве.

Запамтете, сега па до изборите.

Саше и Грујо ко беа во најјаката и најнарцисоидната фаза на власт, не ги мразевме толку колку вас што ве мразиме. Ние обичните, неутралните. Оние што излегуваат на избори само за да гласаат од инает против оние кои се на власт, а забегале.

Омразата кон вас шти ја гаи секој Македонец е како никогаш до сега, кон било кој што владеел.

Толку сте ќори?

Не го гледате ова што ви го кажувам. Извинете што не сум Цивил и таквите, па морам брутално со вас. Ве чека изборен масакр, а не победа. Го читам тоа од очите на народот кој го понижувавте 6 години. Да ама да го прочиташ треба да го погледнеш тој народ во очи. Вие не не смеете.

Најубаво ќе биде да го фрлите пешкирчето во рингот уште пред изборите. Колку и да е тоа пешкирски. Ама па, тоа и сте. Пешкири и квислинзи. Затоа без еуфорија. Рацете доле, опашката меѓу нозе подвиткана и мукла. Во мај доаѓа време за наплата на долгот. А вие ќе платите страотна цена.

И никој не може да ве спаси. Ни Албанците ни Американците. Никаков нивни трик. Со вас е готово како партија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде