Македонија тагува: Почина еден од најистакнатите спортски работници

Mакедонскиот фудбал денес остана без еден од најистакната спортски работници, Енвер Сулејмани кој денеска ненадејно почина во Тетово.

Сулејмани беше еден од луѓето кои ја започнаа изградбата на тетовска Шкендија каква што ја познаваме денес,

а потоа долго време беше дел и од Ренова во времето кога овој клуб ги имаше најголемите успеси.

Во последниот перод работеше во Воска Спорт од Охрид како генерален директор, а еден период помина и во Фудбалската Федерација на Македонија како заменик генерален секретар.

Смртта на Сулејмани ја потврди Воска која и изрази сочувство до неговото семејство и блиските.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде