Ноќеска во Босна и Херцеговина е регистриран силен земјотрес со јачина од 4,8 степени по Рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Зеница, но бил почувствуван и во Сараево и во Бања Лука како и во повеќе градови во Хрватска, Србија и Црна Гора.
Граѓаните на Зеница се вознемирени и по земјотресот излегле на улица, објави klix.ba.
Според последните информации, четири лица се повредени, од кои две се задржани на лекување.
Досега не се пријавени поголеми материјални штети иако во Зеница имало разрушени и паднати фасади.
Неколку села во планинскиот предел околу Зеница немаат струја.
Првично земјотресот беше пријавен како посилен со 5,4 степени според Рихтер, но Сеизмолошкиот завод на БиХ подоцна објави дека силата му била 4,8 во епицентарот.