Директорка на УЈП, Сања Лукаревска во гостување на МТВ минатиот месец рече дека повратот на ДДВ може да биде и повисок од моменталниот од 2.100 денари, односно тој постепено да се зголемува.
-Не треба да останеме на повратот од 2.100 денари, туку може од наредната година постепено да го зголемуваме, рече Лукаревска.
Сите показатели што произлегуваат од овој четиригодишен период укажуваат дека мерката „МојДДВ“ е добро дизајнирана и позитивно прифатена од граѓаните.
Во моментов еден граѓанин може да скенира фискални сметки и да добие и до 2100 денари за тримесечен период,
што значи дека едно четиричлено семејство може да добива уште 8.400 денари во својот семеен буџет за период од едно тромесечие.
Извор: BiznisPRO.com