Најажурниот нумерички модел (ECMWF Евроспки центар за среднорочна прогноза), веќе долго време црта екстремен студ на Балканот во текот на овој месец, а тој би започнал околу, или веднаш по Божиќ.
Исто така ќе има и многу снег, објави Славчо Попоски во најновата метео анализа.
Температурите во текот на овој месец на Балканот се очекува да се спуштат дури и под -20 степени.
Овој екстремно студен бран ќе ја зафати и Македонија и ќе ни донесе многу снег и екстремен студ.
Според сегашните анализи, температурите по Божиќ се очекува да се спуштат до околу, па дури и под -20 степени.
Состојбата и понатаму ќе ја следиме и навремено ќе објавуваме најнови метео анализи, и тоа по секое ажурирање на нумеричките модели, напиша Попоски.