Првото бебе во 2024 година е машко

Првото бебе во 2024 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.00 часот.

Бебето е од машки пол, тешко е 3.760 грама, долго е 52 сантиметри и е родено со Апгар 10/10.

Како што информираат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, породувањето беше извршено по природен пат.

Дежурната екипа на ГАК на чело со проф. д-р Горан Димитров ја породи 34-годишната родилка Наташа Стефковска од Скопје.

– На новороденчето му посакуваме добро здравје и среќно детство, се наведува во соопштението.

Во првите 15 минути од Новата година на ГАК се родија три бебиња.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде